0.8 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Британија одбра “eco-friendly” националист за премиер

Британија доби нов премиер, а конзервативците нов лидер. Борис Џонсон од утре ќе биде новиот премиер на Британија.

После големите проблеми со кои се соочија британските конзервативци (Conservatives UK) поради одолговлекувањето на БРЕЗИТ, една од партиите столбови на светските и европски конзервативци застана повторно на стабилни нозе. Конзервативците од Британија кои се помеѓу носителите на 2те најголеми центар десно политички групации, ИДУ и АКРЕ, одбраа свој нов лидер.

Борис Џонсон беше единствениот кандидат кој според сите анкети ќе успее да ја обнови довербата на граѓаните на Британија кон конзервативците која ја изгубија на европските избори. Критиката и етикетите кон Борис Џонсон кои доаѓаат од јавноста се бидејќи тој е
еден од најголемите пријатели на Доналд Трамп (исто така дел од ИДУ и АКРЕ), но и поради неговите јасни ставови за суверенизам и национализам.

„Национализмот не е уметност туку многу здрав начин за раководење и менаџмент на државите“ – Борис Џонсон.

Екс градоначалкот на Лондон е познат и како светски еколог (енвиронменталист), подржувач на ЛГБТ (но не и на нивните екстремни барања), како и голем националист и човек кој се грижи за безбедноста на граѓаните. Такви примери се:

• CCTV Cameras: модел на улично обезбедување кое го воспостави во Лондон со што се намали стапката на уличен криминал во неверојатни граници и потоа стана модел за целиот свет.

• RENTAL BIKE, MUNICIPAL BICYCLE кој исто така стана пример за кревање на свесноста на луѓето за загадувањето како и користењето на точак како превозно средство. „Тел Авив е градот кој прв после Лондон ја воспостави оваа идеја по препорака на Борис Џонсон“ – вели Раз Гарот, потпретседател на европските млади конзервативци и дел од ЛИКУД Израел интернационален секретаријат.

Foto

Борис Џонсон е голем борец против европските бирократи и елити во Брисел. Исто така, тој може да го размрда светот во однос на геополитика бидејќи глобалните неолиберални движења, партии и лидери во него гледаат како на уште еден Трамп.

„Успехот на Борис Џонсон е од големо значење за Израел бидејќи во спротивност, британците би добиле голем анти-семитист и анти-израелец, Корбин“ – вели Ели Хазан, директор за надворешна политика на ЛИКУД партијата на израелскиот премиер Бењамин Нетањаху.

Македонија можеби ќе ја има шансата да го донесе Борис Џонсон во Скопје преку македонските конзервативци кои велат дека новиот тим на Џонсон ќе има луѓе со кои соработуваат и се пријатели на оваа политичка организација.

Статија за ПОГЛЕД.мк на Конзерватив.МК

поврзани објави

Последни објави