23.8 C
Skopje
Thursday, June 13, 2024

Трамп изненади младоженци: Им упадна на свадба, па сите почнаа да извикуваат: USA, USA (Видео)

Доналд Трамп изненади младоженци откако се појави како нивни непоканет, но и неочекуван гостин. Свадбата се одржувала во Голф клубот на Трамп во Њу Џерси. Луис Капоне, братот на младоженецот успеал да ја сними случката односно пристигнувањето на Трамп и реакцијата на младоженците и гостите.

Американскиот претседател се појавил во салата каде што биле присутни гостите за да им честита на младоженците. Тоа беше посебен момент за брат ми и неговата сопруга кои се негови поддржувачи, раскажува Луис.

Според него, сите знаеле дека претседателот е во Њу Џерси, но никој, ама баш никој, не очекувал дека Трамп ќе дојде на свадбата. Наеднаш местото се исполни со обезбедување од сите страни, а потоа се појави тој. Беше вистинско изненадување, но и прекрасно чувство, велат гостите.

поврзани објави

Последни објави