7.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Љупчо Златев утре во полиција – позната и причината

Новинарот Љупчо Златев на својот профил на Фејсбук соопшти дека бил повикан на распит во полицијата, во врска со објавената снимка на која се слуша генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Како што информираше Златев, распитот во полицијата ќе се случи утре.

„Наместо да го гони криминалот, полицијата одлучи да ги гони оние кои го откриваат криминалот. МВР ме повика на распит (информативен разговор) затоа што како одговорен уредник на Економски Лидер ја објавив снимката на која се слуша како генсекот на владата Драги Рашковски договара тендери и провизии. Распитот ќе се обави утре. НЕМА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ!“, пишува Златев на Фејсбук.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави