11.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

Саше Ивановски: Вечерва пред Манда пред моето малолетно дете бев нападнат од уредникот на Канал 5 Гоце Михајловски

Вечерва во Скопје, пред кафулето во кое најчесто се собираат медиумските работници „Манда“, од страна на уредникот на „Канал 5“ телевизија Гоце Михајловски бев нападнат, тврди новинарот Саше Ивановски кој вели дека случајот го пријавил во МВР и ЗНМ.

За време на нападот како што пишува Ивановски бил со неговиот син и неговото куче.

Уредникот во Канал 5 Гоце Михајловски ме нападна додека бев со мојот малолетен син и со моето куче. Ме начека неспремен и ме нападна од зад грб со плукање пред кафичот Менада, пишува Ивановски во својот ФБ статус.

Некој ќе плати за се, уште се вели во статусот на новинарот.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави