11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Богоевски: Ахмети треба да моли за нова шанса, а не ние него за помош!

Пратеникот од коалицијата на СДСМ и еден од најистакнатите активисти на шарената револуција, Павле Богоевски денес јавно на својот фејсбук профил постави неколку прашања.

Во својот статус, Богоевски вели дека никој не може да побегне од одговорноста која ќе следи, ниту Ахмети, ниту ДУИ.

„1. Знае ли али ахмети дека со секој ден на мудрување, тој своерачно ја пролонгира кризата во која сите сме премногу долго?
2. Знае ли али ахмети дека нема политичка калкулација која ќе резултира со заштита на членовите на дуи од евентуален прогон од СЈО?
3. Знае ли ахмети дека со секоја изгубена секунда, тој губи и гласови?
4. Знае ли ахмети дека граѓаните гласаа за политчарите конечно да се фатат за работа и да почнат да ги решаваат реалните проблеми на граѓаните, а не да седат дома и да чекаат да видат на која страна дува ветрот во Мала Речица?
5. Знае ли ахмети дека единствената причина зошто тој сега е во центарот на вниманието е дека на Македонија и’ се ужасно потребни пратениците од ДУИ, а не дека некој верува во неговите демократски капацитети? И дека ова е период кога ТОЈ треба да моли за нова шанса, а не ние него за помош?

Доволно време изгубивме. Секој нареден чекор (вклучително и чекањето) ќе има големи последици по нашата држава. Ниту ахмети, ниту дуи, ниту кој било друг од нас не може да побегне од одговорноста која ќе следи – морална, политичка, но и кривична“, вели Богоевски во својот статус објавен на неговиот профил на Фејсбук.

 

поврзани објави

Последни објави