Прашањето за медиумско покривање на важните државни посети во странство е принципиелно, ама Саше Политико има интелектуален дефицит за да го разбере тоа.
Очигледно се гледа низ призмата на личната корист, па мисли сите така размислуваат. Ако може да погледе подалеку од времето на Груевски и подалеку од носот, ќе види дека и претходно во Македонија, уште од времето на Бранко, а и сега скоро секаде во регионот и пошироко државниците на своите посети се придружувани од десетици медиуми.
Не за да ги “шетаат по хотели” како што банализира кретенов, туку да ја информираат изворно јавноста за настаните важни за државата. “Шокантно” и “Мега скандал” е единствено што Јавното обвинителство дозволува секојдневното блуење од дотичниов да поминува неказнето, но се надевам дека конечно ќе го увидат вербалниот примитивизам на овој лик, често зачинет со говор на омраза, и ќе преземат нешто. п.с. Политико очигледно е нервозен за кривичната пријава, па секојдневна мета му е Канал 5. Малку “невкусно” од човек што во 2011 година молел за емисија на истата телевизија, и тоа повикувајќи се на поддршка од влијателен пратеник од тогашната власт.
Извор: ДоказМ