21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Сите наивни, сите искористени, сите невини – како бе за 30 години не се најде јунак да каже ја зезнавме работата?

Катица се појави, си прочита и замина… да си ја истера должноста додека не и најдат заменик. Таа како што стана јасно од составот што го прочита е чиста како солза. Станала објект на медиумска хајка, ја ругале за професионалната кариера и што е најстрашно објект на напад станало и нејзиното семејство.

Вистина е дека ја начекаа и речиси сите медиуми почнаа да ја „лепат на насловна“, но помнам во еден период, кога само порталите финансирани од Белата палата ја реметеа за 6-ките во дипломата и фактот што не чита течно… не дека Груевски пленуваше со нараторски стил на изразување, ама ајде да не ја отворам темата.

Катица реално е колатералната штета, на договорот „Бихаќка“- Бела палата. На Заев му е потребно 2/3 мнозинство, а веќе е познато дека премиерот е готов на секакви жртви за да го добие истото. Фората околу исчезнувањето од јавност на специјалната јавна обвинителка е повеќе од јасна: „Покриј се за една недела, ќе смислиме што да речеш…“. Смислија приказна за мали деца: „Јас немам ништо со случајот „Рекет“, ме местат, ме искористија“. Режисерите на претставата прекрасно знаат што поминува кај народот. Уште еден наместен и искористен.

Како бе мајката за 30 г. ниту еден функционер не најде сили да рече: Ја испосрав другари, си одам, ама заедно со мене ќе си заминат… тие, тие, тие и тие, оти заедно серевме. Нема шанси да чуеме ваков муабет. Сите се невинни, наивни, ги местат, им прават хајки и што е најјако сите се разболуваат кога ќе им стане тесна фотелјата.

Ви текнува кога Груевски се жалеше на „ножињата“ во неговиот грб. На него Богот се осмелија да му ги закачат, а не па на една Катица, која со партиски договор на коалицијата СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ ја направија ѕвезда и сега кога веќе е време за новиот чин од претставата ја направија мивка. Жално навистина. Но Катица не е толку наивна. Никој што замешал прсти на толку високо ниво не е.

Целиот текст прочитајте го на порталот Трибуна (автор Атанас Величков) ОВДЕ

поврзани објави

     

Последни објави