14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски: Ќе ги истерам на клоци ако го нарушат принципот „победник со победник“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во вечерашното интервју на ТВ НОВА рече дека ДУИ никогаш не барале писмени гаранции од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ги разбирам зошто од СДСМ бараат писмена гаранција, Заев секогаш свесно лаже“, рече Груевски.

Оваа изјава е спротивно на тврдењето на ДУИ дека барале писмени гаранции и од ВМРО-ДПМНЕ, како што сега бараат од СДСМ. Тој додаде дека ако ДУИ го  наруши принципот победник со победник, треба да се свесни дека нешто што барале и тешко го добиле, не смеат повеќе да го побараат повторно.

„Ако сега се наруши овој принцип, кажав дека тој што ќе дојде во штабот да бара коалиција по овој принцип, ќе го истерам на клоци“, рече Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека градоначалниците од ДУИ нема да добијат повеќе поддршка и дека имаат причина да се плашат. Груевски го повтори ставот на неговата партија дека предвремените избори заедно со локалните се најдоброто решение за Република Македонија.

За послабиот резултат на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски ги обвини, како што рече медиумите на Сорос  работеле на уривање на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас пред година две предложив мерки да се справиме со медиумите, но не бев поддржан во партијата.
На овие избори иако сите викаме дека беа демократски, претходеше година на сериозно влијание од надвор да се влошат позициите на ВМРО-ДПМНЕ, одредени фактори од надвор се правеа да му помогнат на СДСМ“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за ТВ Нова.

Тој кажа и дека не дал согласнот ниту за продолжување на мандатот на СЈО, но и дека ДУИ го имале истото мислење иако не сакале да признаат, истовремено, нагласувајќи дека двојазичноста на целата територија на државата за ВМРО-ДПМНЕ е нелогична и неприфатлива.

поврзани објави

Последни објави