Што ни даде, а што ни зема Европа? Направивме еден краток список на нештата, кои ги добивме од Европската унија, без да ги скриеме и нештата кои ни ги зеде односно нејзините негативни страни.
1. Слободно патување. Пред започнувањето на преговорите за влез во ЕУ, за да патуваш во земјите членки на ЕУ, нужна беше визата, која се добиваше тешко, а истата придонесуваше за редици на граѓани во институциите и собирање еден куп документи. Сега да заминеш до Солун, Виена, Лондон е само прашање на време и финансиски средства. Уште повеќе што со навлегувањето на low cost компаниите може да се патува и со поскромен буџет. Можноста за слободно патување помогна на многу бугарски граѓани да го видат светот, да прошетаат надвор од својата татковина, да се запознаат со добри европски практики. На тој начин беа направени партнерства меѓу општини, фирми и слично.
2. Право на образование надвор од Бугарија на полесен и поедноставен начин. Илјадници бугари денес се студенти на Универзитети во светот. Тоа е посебна придобивка за студентите од Бугарија бидејќи на тој начин добиваат поквалитетно образование. Бугарските студенти не се примаат како граѓани на туѓа држава односно странци, туку како граѓани на сојузот односно унијата, а на тој начин може и да аплицираат за стипендии, потполно на истиот начин, на кој аплицираат и државјаните на земјата членка во која тие се запишани.
3. Право на полесен пристап до работа. Пристапот на пазарот на трудот на 28 членки на Европската унија е навистина сериозна предност ако се земат во предвид тамошните плати, наспроти нашите плати.
4. Пристап до општиот пазар. Членството во Европа ни дава пристап до европскиот пазар, пристап за нашиот бизнис и неговото производство и обратно. И сето тоа без плаќање на царини и други даноци, кои го крева расходот. Практично тоа значи да купуваме квалитетна облека од Италија или било која друга европска држава, вино од Франција, кола од Германија или сето тоа што ќе го посакаме на многу поедноставен и поевтин начин.
5. Нови работни места. Отворениот пазар и еврочленството значи и нови работни места не само за граѓаните кои решиле да ја напуштат Бугарија, туку и за оние кои останале во татковината. Тоа значи поголем број на странски инвестиции, бизниси кои инвестираат во Бугарија, а со тоа и отварање на поголем број работни места. За жал Романија привлече многу повеќе странски инвестиции од Бугарија, но и ние не сме на лош пат.
6. Еврофондовите. Ова е дефинитивно едно од најдобрите нешта кои се добиваат со членството во унијата. Благодарение на нив се прават патишта и автопати низ државата, се развива малиот и средниот бизнис, од периодот 2015 – 2021 за Бугарија има распределено 31. милијарда лева за Бугарија и тоа за транспортна инфраструктура, финансирање на регионалниот раст, за иновации, земјоделие, за подобрување на административниот капацитет.
7. Нови автопати. Во 1999 година кога Бугарија ги започнува преговорите со ЕУ, автопатот „Тракија“, стига до Оризово, на 40 километри од Стара Загора, а завршува малку пред Шумен, односно до Грција пат нема. За да се стигне до морето се потребни цели пет часа возење по стар пат. Денес од Софија до Бургас се пристигнува за три часа, имаме нов автопат до Благоевград, со што се олеснува патувањето на илјаднците граѓани кои патуваат кон Грција. Истовремено, тука се и реконструираните локални патишта, за чие реконструирање се виновни токму европските фондови.
Дали пристигнуваме до ЕУ? Краткиот одговор е „ДА“, по долгиот е – може и малку побрзо, вели економистот Георги Ганев.
Целиот текст можете да го прочитате на изворот webcafe.bg – ОВДЕ