Видео на кое се гледа како маж удира полугола жена во центарот на Скопје предизвика силни реакции на социјалните мрежи. Во инцидентот кој се случил на раскрсница на булеварот Гоце Делчев, во близина на хотелот Континентал, се гледа како мажот, наводно таксист, ја удира жената која се обидува да му ги скрши брисачите од автомобилот. На почетокот на видеото изгледа како жената да сака да направи штета на автомобилот, а потоа насилникот доаѓа и жестоко ја турка, а при тоа никој не и помага додека лежи на асфалтот, пренесува Канал 5.
Под видеото објавено на твитер, објавувачот пишува:
Раскрвавена во носот и на грбот веќе била еднаш на асфалт. Веројатно таксистот манјак веќе бил тргнат на страна, па оваа се одмаздува на колата, после што следи уште еден нокаут.
Од МВР велат дека настанот во полиција е пријавен вчера. Идентификуван е 45 годишниот маж и 30 годишната жена, и двајцата од Скопје. Разговарано е и со нив, а според Законот за прекршоците против јавниот ред и мир на оној што на јавно место ќе учествува, предизвика или поттикне дуг на тепачка му се заканува казна од 300 до 500 евра.
Дел од прашањата кои се поставуваат по објавеното видео се зошто никој не и помага на жената откако паѓа на асфалтот? Психологот Мирјана Јовановска Стојановска отсуството на реакција на луѓето пред чии очи се случува инцидентот се должи на тоа што преоптовареноста со сопствените грижи ги држи подалеку, но и поради стравот за сопствена безбедност не се осмелуваат да реагираат.
Но повеќе загрижува, како што вели Јовановска тоа што се снима целиот настан со цел да се добие лична корист без обид да се помогне.
Извор: Канал 5