Пејачката вели дека секогаш ќе ја памети првата средба со него на едно од сведочењата. Иако избегнува да говори на таа тема, сепак, емоциите знаат да преовладаат и да го искаже своето чувство во медиумите.
Популарната балканска пејачка Светлана Ражнатовиќ или позната и како Цеца, по долг период откри како реагирала, откако прв пат го видела човекот кој и го одзема саканиот Аркан, таткото на нејзините две деца.
Цеца Ражнатовиќ не сака да говори за она што минала по загубата на нејзиниот сопруг Аркан.
Посебно болно за неа е сеќавањето кога првпат се соочила со ликвидаторот Доброслав Гавриќ кој неколку месеци по настанот во 2000 година избега во Јужна Африка каде што живее и денеска.
-Седеше со дигната глава свртен кон изглезот. Убаво го видов и тогаш и сега. Ќе повторам сто пати, апсолутно сум сигурна оти е тој. Издајнику, ѓубре, знаеш ли кого уби-викала Цеца кон Гавриќ кој седел рамнодушно без да трепне.