Македонска работа – на плажа со тенџере, филџан и пижами (ФОТО)
Додека едната домаќинка си го донесе тенџерето на море, другата уште во пижами, со сервисот од дома си се напи утринско кафенце покрај езеро.
Доколку сте летувале во место каде одат голем број Македонци, сигурно ќе препознаете барем некој од нашите туристи во овој опис.
– Станува во 5 сабајле за да зафати 6 лежалки задолжително во прв ред – 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После тоа се враќа во креветот и спие до 12 на пладне.
– Со себе носи лаптоп, ајпод, ајфон, камера и задолжителен апарат. И редовно прави селфи.
– Ако нема чадор се мести така што чадорот на комшиите да го покрива после ручек.
– За деца до 12 години нема потреба да се инвестира во купаќи. Деца се, нели?
– Со висок тон вика по децата да излезат од вода од 200-250 метри. Ако не излезат е тогаш станува вистинска драма.
– Не е на плажа ако го помине денот без лубеница а корите да се остават покрај кантата. И праските исто. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата.
– Цигарите ги гаси брзо и едноствано, ги остава збрцани у песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е госпоѓа на плажа.
– Ако им заѕвони мобилен, викаат погласно, зашто го бараат дури од Македонија, па не се слуша. Обавезно раскажува кај е, што прави и колку му е јако.
– Купачите ги суши оптегнати на чадорот за сонце.
– Не си бил на море ако не купиш оригинална Луј Витон ташна на плажа.
– Кога цел хотел ќе си легне, излегува на балкон и игра јамб коцки или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легне, оди и ги мести пешкирите за утре.