Британската поп звезда Роби Вилијамс одамна ги навикна своите фанови дека нема „влакна на јазикот“, затоа што не му претставува никаков проблем со медиумите да ги подели и најинтимните моменти од неговиот живот.
Па така фановите на Роби имаа прилика да ги слушнат нековите погрешни одлуки и живот обележан со игри на среќа, дрога и алкохол. Меѓутоа, неодамна Вилијамс дополнително ја шокираше јавноста кога призна дека пушел марихуана во кралската палата за време на прославата која беше во чест на кралицата Елизабета 2 која веќе 60 години е на престолот.
И покрај тоа што кралицата остана воздржана од коментар, британската јавност остана поделена, додека пак Вилијамс тврди дека успеал да ги промени деструктивните навики.
„Сега марихуаната ја конзумирам во помали количини, и тоа исклучиво за рекреација“, изјави Роби и потсети дека неколку пати бил на лекување од потешки наркотични средства.