Грижа за пет деца бара многу голема посветеност, а сето тоа добро го знае Ранда Регланд која самата е мајка на пет дечиња. Сепак, покрај сите обврски и предизвици, секојдневно патува и во болница за да биде со својот тригодишен син Џин кој се бори за живот.
На малиот Џин му бил дијагностициран неуробласт, редок вид на рак кој се формира во ткивото, а освен тоа тој е аутистичен и не зборува.
И нормално, секој кога ќе ги слушне тие информации му станува јасно дека грижата за дворот воопшто не е на нејзината листа на приоритети. Но, не мислел така и нејзиниот сосед.
Како што открила за медиумите Ранда, прилично останала шокирана кога неодамна во своето поштенско сандаче пронашла порака која ја оставила нејзината сосетка. Како што пишува во писмото, премногу и пречел изгледот на дворот и куќата, како и исушениот тревник, поради што мора да обрати внимание на сето тоа.
-Поработи на надворешниот изглед на куќата, затоа што поради лошиот изглед на твојата куќа, и нашиот дом добива пониска вредност на пазарот. Кој би сакал да купи куќа и секојдневно да гледа вакво рушило. Уредувањето на дворот и не бара многу работа и напор. Потруди се!, – стоело во пораката.
По почетниот шок се одлучила пораката да ја сподели на Фејсбук и на сите да им испрати важна порака.
-Нашите животи се состојат од посета на лекари и клинички прегледи, хемотерапија, трансплатации и операции. Мојот син буквално се бори за живот. Беше хоспитализиран повеќе од 20 пати, имаше над 7 операции, – е одговорот на мајката.
Мајката упатува порака до сите, да се радуваат, наместо да си судат едни на други. Минувајќи едни крај други – да се насмевнуваме наместо да се муртиме. Животот е краток.