Премиерот Зоран Заев денеска по приемот за годишнатата од Рамковниот договор даде скандалозна изјава дека немало за дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја бутнеле Владата.
Oваа негова изјава наиде на осуда од повеќе новинари, меѓу кои Огнен Јанески, Фуркан Салиу, но и Бранко Героски. Премиерот доби критика и од Уранија Пировска, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права која на фб напиша:
Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било се што се збореше и правеше претходно, пишува Пировска.
На социјалните мрежи се појави и видео од пресот на премиерот Заев, каде може да се видат и реакциите на новинарите додека премиерот Заев го изговара зборот „педер“, притоа во контекст дека нема да дозволи истиот да ја симне од власта неговата влада. Во продожение видеото.
Појако од "пед*р" е реакцијата на новинарот😁 Цар! 👇 👇 👇
Posted by Влатко Стојаноски on Tuesday, August 13, 2019