Премиерот Зоран Заев денеска по приемот за годишнатата од Рамковниот договор даде изјава дека немало за дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја бутнеле Владата.
Ќе се бориме до крај затоа што секој што се инволвирал секако ќе носи одговорност – рече Заев.
Набрзо потоа следуваше и дополнување, откако на социјалните мрежи следуваше бран од реакции. Заев твитна и објасни дека зборот „педер“ го употребил како карактерна особина.
„ЛГТБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГТБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега“, твитна Заев.