17.8 C
Skopje
Tuesday, April 22, 2025

Огнен Јанески не им остана должен ниту на ВМРО-ДПМНЕ: Не с’издржва ова поќе

Новинарот Огнен Јанески вечерва упати критики до премиерот Заев за неговите зборови искажани на денешната пресконференција. Откако го употреби зборот „педер“, Заев наиде на критика од повеќе новинари и јавни личности. Еден од нив беше токму новинарот Јанески кој не им остана должен ниту на ВМРО-ДПМНЕ кои излегоа со осуда за како што велат „навредливата изјава на Заев“.

Овие, па! Овие! Овие ли најдоа да зборваа’! Леле, аман, дајте кај е она дугмено „Stop“ да го прицниме, не с’издржва ова поќе! (морав како прилепчанец кога ќе се изнервира, по битАОлски да зборувам, да ми извинат битолчани, стои во фејсбук објавата на Јанески.

Овие, па! Овие! Овие ли најдоа да зборваа'! Леле, аман, дајте кај е она дугмено „Stop“ да го прицниме, не с'издржва ова…

Posted by Ognen Janeski on Tuesday, August 13, 2019

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува денешната изјава на премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ која е проблематична најмалку по три основи.

Имено, премиерот, како носител на јавна функција, наместо да ја прифати и да ја почитува улогата на новинарите како критичари на работата на власта се обидува да дискредитира новинар. Наместо да покаже највисоко ниво на почитување на различностите, тој употребува етикетирање кое што е дерогирачко за ЛГБТ-лицата. Заев во својата изјава исто така не ја почитува ниту пресумпцијата на невиност, стои во соопштението на АВМУ.

Агенцијата уште еднаш сака да ги потсети политичарите дека нивна обврска е да ги почитуваат европските стандарди за слобода на информирање, да ги почитуваат различностите и да се воздржат од употреба на јазик којшто може да ги поктопа овие вредности.

поврзани објави

Последни објави