Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков, се смее поранешната пратеничка на СДСМ и актерка, Софија Куновска, алудирајќи на вчерашната скандалознаизјава на премиерот, кој вели дека нема да дозволи „криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја урнат владата.
Добро утро! Добри сте?
Сè беше јасно уште од времето на „жицата за алишта”, а камо ли пак од времето на „мрчат”.
Само не сфатив дали „светел” по повод последнава квалификација.
Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков 😂😂😂
Останува нејасно само како се чувствуваат „големите демократи” во владата, собранието и партијата по повод овие интелектуални височини made by Zeta Zeta.
P.S. Важно !!! Ако нема, да се воведе задолжителен здравствен преглед каде се проверува деловна способност за функционерите?