2.8 C
Skopje
Saturday, January 11, 2025

Героски до Костадинов: Имаш некакви докази или само лажеш по навика?

Портпаролот и пратеник на СДСМ Костадин Костадинов денеска се обиде да објасни што сакал премиерот Зоран Заев да каже кога синоќа рече „еден суетен новинар“.

– Го знаеме добро, односот на оваа влада спрема медиумите, спрема новинарите. Знаеме дека институциите, од доаѓањето на оваа влада, не служат како алатка за репресија кон новинарите. Ги знаеме светските индекси кои што ја мерат слободата на изразување, слободата на говор, кажуваат и покажуваат реален раст во однос на слободата на изразување. Ние немаме никакви проблеми во однос на слободата на изразување. Апсолутно, кога се однесува за нешто, каде што некој новинар вели дека имал докази и притоа истите докази не ги пријавил во обвинителството.

Туку, наместо да ги пријави, за лична корист, сакајќи да привлече внимание спрема себе, злоупотребува луѓе, објавувајќи некакви колумни. Веројатно, во таа смисла, беа искажани и зборовите „суетен новинар“. Ние немаме никакви проблеми со слободата на говор, ниту пак на било кој начин, пробуваме да работиме на штета на слободното изразување на новинарите. Тоа е евидентно, тоа се приметува – објасни Костадинов.

Новинарот Героски му одговори на Костадинов на својот фејсбук профил објавувајќи ја токму неговата изјава велејќи му:

Каква “лична корист”, Костадинов? Имаш некакви докази за тоа или само лажеш по навика? Или ова во Меѓународен сојуз си го научил?

поврзани објави

Последни објави