Новинарот Бранко Героски е максимално активен на социјалните мрежи, по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, во која е споменат и „суетен новинар“, термин под кој се препозна самиот Героски.
Интересна е комуникацијата меѓу Героски и професорот Ѓорги Спасов, кому воедно денес му е роденден, а истиот објави статус:
„Паранојата кај суетни новинари е опасна болест“, а брзо под истиот има одговор од Героски: „Среќен 70-ти роденден професоре“, на што добива само одговор: „Благодарам Бранко“.
Веднаш потоа има и нов коментар од Героски: „Благодарам, професоре. Ви личи на годините.“, а потоа следува уште еден одговор, за кој многумина на социјалните мрежи искоментираа како „ефектен гол со глава“: „Не мислев на тебе. Случајно си се препознал“.