До нашата редакција пристигна писмо од жена, кој верува дека со нејзините совети може да им помогне на жените – како бракот да биде целосно стабилен, со тоа што ќе мораат да го лажат мажот за некои работи. Еве кои:
1. „Сексот беше фантастичен“
Не можете да барате повеќе од жена со две деца и напорна работа. Не уживам во сексот со некога како некогаш, но него го прави среќен фактот што мисли дека е секс машина, па дозволувам да верува во тоа. За хармонија во бракот вреди да кажете мали лаги во врска со сексуалните моќи.
2. „Не си дебел“
Мојот сопруг верува дека и ден денес изгледа исто како и тој ден кога се запознавме. Секако, тоа не е вистина. Двајцата сме здебелени од тие години. Тоа е сосема нормално во моите очи. Го сакам таков каков што е и не ми сметаат вишокот килограми. После бременоста, јас правев напори да ослабнам, но тој воопшто не се трудеше околу себе. И покрај се, често бара потврда дека не е дебел. И нормално – ја добива.
3. „Најубав на цел свет“
Тој повеќе не е младиот маж за кој се омажив. Можеби на некој друг свет би бил најзгодниот маж, но јас дефинитивно се помирив дека не е така. И да му кажам за тоа, нема ништо да се промени – само ќе ги повредам неговите чувства.
Заминаа пеперутките кои ги имав во стомакот, кога ќе ме погледнеше во очи. Но, и понатаму сум длабоко вљубена во него. Секако, и понатаму му кажувам дека е Божји дар меѓу жените. Би било лошо да ги скршам неговите илузии.
4. „Ми се допаѓа тој поклон“
Мојот сопруг не знае да донесе разумна потрошувачка одлука. Не можам да се сетам на некој поклон кој за мене не бил разочарувачки. Неверојатно е како после толку години брак, тој уште не го познава мојот вкус. Од друга страна, битна е намерата.
Без обзир на тоа колку е лош поклонот, тој вложил труд во негово смислување и тоа поклонот го прави важен.
5. „Не ми пречи што излегуваш со пријателите“
Секако дека пречи! Мојот живот би бил многу полесен кога би останал дома и ми помогнеш со децата. Моите утра би биле илјада пати попријатни кога не би морала да се грижам за мамурлукот. Секако, секогаш му велам дека не ми пречи што излегува и му посакувам добар провод. За тоа време јас направам вечера, се грижам за децата и ги подготвувам за кревет.
Тоа за мене не е идеална вечер. Но, знам колку му значи да се дружи со пријателите, тоа го опушта, а истото добро влијае на нашиот брак.
6. „Не, тоа не е нова облека. Стара е“
Овие стари панталони? Ги имам сто години, само се уште ги немам облечено. Тоа е мала финта. Добро, на крајот од месецот обично сме во мал минус, но јас навистина морав да ја имам црната чанта или она фустанче за работа.
7. „Ја сакам храната што ја готвиш“
Не, не ја сакам, има грд вкус. Мојата храна има многу подобар вкус и изгледа многу подобро, но ако ти готвиш, тоа значи дека јас не морам да готвам и го ценам тоа. Се што може да ми заштеди време добива плус од мене, дури и ако морам да ги фалам другите кулинарски „вештини“.