7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

(ВИДЕО) Лекарите тврдеа дека девојчето никогаш нема да оди, но потоа се случи нешто неверојатно

Пред три години, Моли Винкот на свет ја донесе својата мала ќерка Миа. Девојката е родена со две дупчиња на срцето, поради што долго време како бебе била на интензицна нега, а воедно боледува и од реток синдром Јоуберт, генетско пореметување во развој на мозокот, што значи и дека никогаш нема да може да оди и зборува.

Барем така рекле лекарите на 22-годишната мајка, но малечката Миа сепак ги направи првите чекори. Нејзината мајка овие моменти ги сподели на социјалните мрежи.

Малата Миа со помош на справи прооди во кујната.

-Моето срце е полно со радост, напиша Моли и открива дека помошните справи ги имале подолг период, но Миа најпрво не обраќала внимание, но подоцна сфатила дека тие ја имаат нејзината омилена боја и започнала да си игра со нив.

Иако лекарите тврделе дека Миа никогаш нема да може да оди и зборува, уште еднаш се потврди тезата – чуда се случуваат, треба само да веруваме во нив.

поврзани објави

Последни објави