Со прогон владее три години, со тортура и закани по животи. Ова го истакна Христијан Мицкоски на прес-конференција за Зоран Заев околу случајот Рекет.
– Со оваа Влада секојдневно е дека дете убива дете, еден од убијците на Саздо е на слобода, убиецот на Пино Секондо е на слобода…Владата наместо во битка со корупција влезе во битка за бришење на сонцето, вели Мицкоски.
Додава дека граѓаните се иселуваат, додека Заев вели дека сме блескале.
– Светот во кој живее Заев не е истиот во кој живее народот, вели Мицкоски додавајќи дека народот е заробеник на криминалот на Заев.
Додава дека народот знае дека ништо нема да се промени и народот ќе каже доста е на следните предвремени парламентарни избори.
– ВМРО започна со рушење на неодговорната власт, не се исклучени протести и демократски алатки како отпор за „октопод-куфер” Владата, вели тој додавајќи дека одговорност мора да има.
Секој кој се огрешил на законот и тие кои злоупотребиле народни пари, мала ќе им биде Македонија да се сокријат, порача Мицкоски.