6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Полицајци пукале во воздух, но останеле со празни раце откако Тетовчанец избегал како на филм!

Вистинска драма се случувало во текот на вчерашниот ден во Тетово откако полицијата по претходна дојава се обидела да уапси лице кое било барано за издржување на казна затвор во траење од седум месеци.

Во 21.20 часот, по претходно добиена информација за лицето Н.М. (33) од Тетово кој се бара за издржување на казна затвор во траење од седум месеци, полициски службеници отишле на ул. „Киро Ристовски Дрнц“ каде затекнале паркирано ПМВ „Форд Фокус“  без регистарски таблици, во кое на совозачкото седиште во легната положба бил Н.М.

Кога ги забележал полициските службеници ги заклучил вратите и се префрлил на возачкото седиште, по што го стартувал возилото. Најпрво тргнал наназад, а потоа тргнал нанапред  и  поминал веднаш покрај службеното ПМВ, како и покрај едниот полициски службеник.

Со цел да го спречи во намерата да побегне едниот од полициските службеници од службениот пиштол испукал три куршуми во воздух. Но, и покрај тоа Н.М. со возилото успеал да побегне во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави