fbpx
6.8 C
Skopje

Несреќа на Алпите – Лавина затрупа скијачи, има и мртви

АКТУЕЛНО

Лавина во скијачкиот центар Тиње на француските Алпи усмрти најмалку четири скијачи, а петмина се се уште затрупани под снегот, изјавувија од спасувачките екипи.

Од спасувачката единица од Албервил изјавија дека деветмина скијачи кои скијале на неопределени скијачи патеки во близина на Тиње, врз нив се урнала лавина. Националноста на настраданите се уште не е позната.

Еден од спасувачите кои учествуваат во акцијата изјавил дека областа е тешко достапна за механизација, па затоа мора рачно да се спасуваат останатите пет скијачи, но не се знае дали сеуште се живи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -