Кога Оли и Лиз одлучиле да се венчаат, им било јасно дека сето тоа ќе го привлече вниманието на учениците, ако се знае дека таа е наставничка по музичко во едно училиште.
Знаејќи колку многу учениците и значат, Оли одлучил да ги покани на венчањето и тоа како специјални гости. Тие имале посебна задача, за која вежбале, но и ја чувале како тајна од Лиз.
Откако младиот брачен пар го кажале судбоносното „да“, од горниот спрат на црквата се слушнало пеење со нејзината омилена песна „A Thousand Years“ која инаку ја пее Кристина Пери.
Лиз веднаш заплакала од среќа, не верувајќи какво изненадување и подготвил новопечениот маж. Веруваме дека и таа е прекрасна наставничка, која го заслужува сето ова.