6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ниту таа не молчи: Ленче Ристовска се огласи на Фејсбук и упати директна порака

Откако во јавност се јавија Катица Јанева и Фатиме Фетаи, две од трите „девојки од СЈО“, кои ги имаше и на маици, конечно се огласи и третата, Ленче Ристовска, на својот Фејсбук профил.

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење се подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на англиски јазик, обвинителката Ленче Ристовска на својот Фејсбук профил, не назначувајќи дали статусот е посветен некому.

По вчерашната наредба на шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева за претрес на обвинителите при влез и излез од зградата на СЈО, незадоволството меѓу вработените во обвинителството расте. Обвинителката Фатиме Фетаи бурно реагирала на оваа наредба на Јанева.

Денеска и обвинителката Лиле Стефанова изјавила дека неа никој нема да ја претресува.

поврзани објави

Последни објави