7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

23,3 милиони евра во Буџетот од патарините во последните седум месеци

23,3 милиони евра е сумата која државата ја инкасирала од граѓаните, односно од патарините ширум земјава. Tие пари на контото на Буџетот легнале за седум месеци а процентуално растот на износот е 4 отсто.

Најмногу пари според ЈПДП се остварени од патарината кај Романовце а раст бележат сите патарини.

Пред еден месец во функција беше ставена и електронската наплата на патарините при што скоро седум илјади картички се купени од граѓаните.

Наскоро ќе почне и изградбата на две нови патарини кои ќе никнат на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот во изградба Кичево-Охрид.

За најскапата патарина пак граѓаните плаќаат 100 денари, првата од двете патарини на автопатот Демир Капија-Смоквица.

На втората патарина на истиот овој автопат која треба да почне со наплата следната година ќе се наплаќа 80 денари. Со оваа давачка, за пат од Табановце до граничниот премин Богородица ќе треба да се издвојат 340 денари за патарина.

поврзани објави

Последни објави