Работите излегоа од контрола, бев многу позната и тогаш ИСИС започна да ми се заканува, вака ја започнува приказната Миа Калифа, на прашањето зошто се откажала од својата професија.
Либанско-американската глумица за филмови за „големи“, Миа Калифа (26) беше во светот на оваа индустрија само 3 месеци.
Калифа која е воспитана со католичка вера, во еден филм на себе носела хиџаб, што всушност за неа значело и крај на својата кариера.
Поради тој потег, таа добила низа закани од Исламската држава во Ирак и Сирија (ИСИС), по што веднаш одлучила да ја прекине кариерата.
-Поради вас ќе го загубам животот, тоа беше мојата прва реакција кога ми дадоа хиџаб,- открива глумицата, која тогаш имала само 21 година, но не можела да го одбие продуцентот.
Но, освен заканите, Калифа открива дека добивала притисок од сите страни на Блискиот Исток, а најзините родители се одрекле од неа. Во меѓувреме ИСИС објавија фотографија „средена“ на фотошоп, на која таа е обезглавена и и порачаа да гори во пеколот.
-Не смеете да покажете слабост. Тоа е она што го сакаат. Навистина се трудам тоа да не допре до мене, па ќе ви признаам, по некој период ќе ви стане сеедно. После тој филм станав многу позната, но сфатив дека е време да излезам од оваа индустрија,- се сеќава Калифа.
Тврди дека никогаш не сакала да се занимава со филмови за возрасни, односно таа работа и била „издуван вентил“.
-Сакав малку да се опуштам и да станам бунтовник,- вели Калифа која пред три години престана да снима филмови. Таа на 10 години се преселила со своите родители од Бејрут во Америка, а подоцна отишла да живее во Мајами.
Калифа моментално води сопствена емисија во живо, а исто така е посветена и на готвењето.