6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Имаат милијарди, но своите деца ги исфрлија од можни наследници – причината ќе ве остави без збор

Некои од славните личности, со милијарди на своите банкарски сметки, одлучиле да не им дадат ниту мал процент од тоа на своите деца. Дел од нив поради хуманитарна причина, а други затоа што веруваат дека децата не знаат како да искористат тие средства. Меѓу некои од тие личности се Џеки Чан, Гордон Ремзи, Бил Гејтс..

Богатството на глумецот Џеки Чан (65) се проценува на 140 милиони долари, кои има намера да ги остави во хуманитарни цели, а не на својот син. Тој тврди дека неговиот син сам може да заработи пари.

Менаџерот Симон Ковел (59) не верува во обичаите дека за наследување на богатство. Сите свои пари ќе ги остави за хуманитарни цели, а преферира тие да бидат искористени за деца и кучиња.

-Она што ќе го оставите, откако ќе заминете на другиот свет треба да биде нешто што ќе им даде многу прилики на луѓето. Ако им дадете време и ги научите на нешто, тоа ќе биде ваш наследство,- вели Ковел.

Американскиот филмски режисер Џорџ Лукас (75) своето богатсво, кое е проценето на пет милијарди долари, ќе го донира на непрофитни организации.

-Додека имам средства на располагање, ќе работам за подигање на свеста кај младите генерации,- вели Лукас.

Пејачот Елтон Џон (72) со својата животна партнерка Давид Фурниса (56) ќе донираат 53 милијарди фунти во хуманитарни цели, затоа што сакаат своите синови да ги научат на почит кон работата и парите.

Британскиот готвач Гордон Ремзи (52) тежи околу 160 милиони долари, но вели дека неговите деца тие пари никогаш нема да ги видат на располагање.

-Парите никогаш не ме возбудувале. Тоа не е моја ултимативна цел и тоа се одразува на одгледувањето на деца,- вели Гордон кој со својата сопруга Тан одлучиле на четирите деца да им остават 25% од депозит за стан.

Богатството на директорот на Мајкрософт и еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс (63) се проценува на 78,6 милијарди долари. Огромен дел од тие пари ќе донира на хуманитарните организации, а сето тоа за да им даде лекција на своите деца. Тврди дека на тој начин ќе ја сфатат вистинската вредност на парите.

поврзани објави

Последни објави