Мерлин Францис Де Лаиг и Ерберт Де Лаиг се запознале во кафич 1940-те години, кога Францис имала 16, а Ерберт 22 години. Само една година подоцна, тие се венчале во американската држава Џорџија.
-Францис работеше во мал локален кафич со име „White Way Cafe“. Ја видов како влегува и излегува, излегува и влегува и не можев да го тргнам погледот од неа. Тогаш собрав храброст и ја повикав да изелземе,- се сеќава Ерберт при прославата на 70-годишнината од нивниот брак.
-Во петок, 12.7.2019 година, 94-годишниот Ерберт починал во 02:20 часот наутро. Точно 12 часови после тоа, 88-годишната Францис починала во 14:20 часот попладне.
Парот имал 6 деца, 16 внуци, 25 правнуци и 3 праправнуци. Според интервјуто кое го имале минатата година, нивното венчање за малку можело да се откаже, откако Ерберт задоцнил.
-Секогаш доцнеше. Но тоа го надополнуваше со љубов и стрпливост, со своето добро срце,- истакнала тогаш Францис.
Ерберт служел војска на 22 години, а добил и признание Државен медал за одбрана на службата. Францис шест години живеела во Германија додека маж и бил во војска.
Во изјава за нивната смрт, од семејството порачале: НЕВЕРОЈАТНО Е ДЕКА БЕА ДУРИ 71 ГОДИНА ЗАЕДНО, А СЕГА ПОВТОРНО ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВО РАЈОТ. ТОА Е НАВИСТИНА НЕВЕРОЈАТНА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА.