6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Коѕијас на Твитер се фали: На споменикот на Александар во Скопје пишува дека е Грк

Поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас ја објави новопоставената табла на споменикот на Александар Велики во Скопје, наведувајќи дека на знакот се вели дека тој е грчки херој, пренесува МКД.мк

„Знак на кој пишува дека Александар Велики е грчки херој денес стои под споменикот на Александар во Скопје. Ова е уште еден доказ за пријателството меѓу народите и удар врз алтруизмот“, напиша Коѕијас на Твитер.

Поранешниот грчки министер за надворешни работи е еден од потписниците на Договорот од Преспа, со кој беше решен повеќедеценискиот спор за името меѓу Грција и Македонија.

Пред два дена на спомениците на Александар Велики, Филип Втори и Олимпија во центарот на Скопје беа поставени знаци во согласност со одредбите од Договорот од Преспа, на кои се вели дека станува збор за фигури од античката хеленска историја и меѓународното историско наследство.

„Во чест на Александар Велики, историска фигура што ѝ припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, стои на ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје.

Целиот текст прочитајте го на МКД.мк

поврзани објави

Последни објави