Медиумите во Србија пишуваат за несекојдневна ситуација, која требало да има среќен крај, но завршила фатално за еден 57-годишен белграѓанин.
-Мажот во шумата дојде со автомобил со својата девојка, која е три години постара од него. Планираа да имаат секс во колата, па тој земал вијагра. Испил едно апче, но откако таа веднаш не делувала, земал уште две, иако на упатството добро пишува дека дејството започнува дури после пола час,- раскажал за српски „Курир“ добро информиран извор.
-Прекумерната доза предизвикала срцев удар и човекот останал мртов на лице место. Жената се обидела да го разбуди, но кога видела дека не реагира се јавила на Брза помош. Лекарите дале се од себе да го вратат во живот, но не усепале.
Телото подоцна е пратено на обдукција и е докажано дека смртта настанала од срцев удар. На самото место дошле и роднини на жената, која во паника да повика помош, се јавила на својот зет и внук. На крај полицијата морала да ја соопшти информацијата и на фамилијата на човекот.
-Станува збор за човек разведен од својата сопруга, а во автомобилот бил со жена со која имал љубовна врска. Полицијата ги повикале децата на починатиот да го земат автомобилот, но тие истакнале дека не им треба, откако дознале на кој начин починал.