fbpx
28.8 C
Skopje

Мурињо каков што го немате видено: Бришејќи ги солзите од очите пред камерите признава – ми недостасува фудбалот

АКТУЕЛНО

Трофејниот фудбалски стратег, еден од најконтроверзните ликови во спортот, Жозе Мурињо пушти солзи пред камери зборувајќи за тоа колку му недостасува работата во која се прослави.

Португалецот не е тренер на ниту еден клуб од 18. декември 2018. година кога доби отказ од Јунајтед по само 7 победи во 17 првенствени натпревари во истата сезона. Јас просто уживав во овој спорт. Кога влегов во професионалниот фудбал се случи тој еден клик. А сега веќе е сериозна ситуацијата, раскажува Мурињо и продолжува во негов стил.

Беше навистина сериозно, тоа беше дел од мојот живот, а сега кога го нема наместо да уживам, јас не можам да уживам. Едноставно е, ми недостасува фудбалот, вели Мурињо пред камерите, на моменти бришајќи ги солзите од очите, а притоа и испуштајќи насмевка на лицето.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -