Овој наслов не е фејк њуз, напротив, овој наслов е преземен од пост на граѓанин кој има објавено фотографија од Никола Груевски а над која пишува: Македонски граѓани бараат некоја туристичка агенција да организира туристички патувања до Будимпешта и средби со Груевски.
Фотографијата е споделена во групата „Македонија – Македонско – Македонци“, а повеќе од 130 граѓани имаат реагирано на објавата на Т.М. Објавата има и 23 коментари. Ви пренесуваме дел од нив:
– Освен малкуминате предавници сите други би сакале да го видат.
– И јас би одел повторно да го видам премиерот на Република Македонија
– Поздравување односно само ракување 20 евра, ракување со прегрнување 50 евра, пиење кафе 100 евра, по специјална нарачка може и македонско кафе.
Ова се само дел од коментарите под објавата, а 131 човек ставиле лајк (што значи можеби го одобруваат предлогот). Тоа во превод би значело дека најмалку два автобуси би се наполниле доколку некоја туристичка агенција се реши да го прифати предлогот.