Специјалната обвинителка, Катица Јанева го одби барањето на адвокатот во случајот „Титаник 3“, Еленко Миланов, за изземање на обвинителите Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи од случајот.
Претходно судијката Марија Клетничка кон која беше доставено барањето кажа дека за изземање на обвинителите надлежна е Јанева, а за нејзиното барање за изземање констатираше дека нема надлежен орган.
Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот. Обвинетите се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.