13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Еликсир за долговечност: Со спремање на овој напиток ќе прославите 100. годишен роденден

Не постои посебен рецепт или совет за долговечен живот, велат некои експерти, додека пак други се сосема категорични дека со користењето на неколку здрави намирници може да се доживее долга старост.

Состојките кои се потребни за напиток на долговечноста се 3 јаболки, сок од половина цеден лимон, малку ѓумбир и 4 морковчиња. Морковите го подобруваат видот, а кожата ја одржуваат помлада и здрава, исто така, добар е за срцето, го чисти телото од токсини. Јаболката пак го зајакнува имунитетот, го стимулира работењето на бубрезите, црниот дроб и жолчката, но штити и од бактерии и вируси.

Лимонот, исто така, помага во чистењето на црниот дроб, и го стумулира неговото работење. Спречува гриб, настинка, помага при желудични тегоби, ја нормализира работата на цревата и го олеснува нејзиното празнење. Со комбинација на овие четири состојки добивате вистински елискир за долговечноста. Истовремено, си давате самите на себе убаво чувство после секој испиен напиток.

Во продолжение: Сок од компир. Подготовка на сок од компир

Измиете го компирот и отстранете ги зелените делови од кората. Компирот ставете го во соковник и за нецела минута ќе имате чаша полна здравје. Наместо да користите соковник може да го изрендате компирот и со ленена крпа убаво процедете го. Се пие свеж.

За подобар вкус може да го промешате со мед, сок од лимон, морков или јаболко.

поврзани објави

Последни објави