3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Деца најдоа изгубен паричник и го вратија на сопственичката: Нивниот гест заслужи поинаква реакција од онаа која ја добија

Две момчиња од трето и четврто одделение од Требиње, Босна и Херцеговина, нашле паричник со лични документи и пари и го вратиле на својата сограѓанка.

Децата ни сега не знаат колку пари имало во паричникот, бидејќи, велат, дома ги учеле да не претураат по туѓи работи, а она што ќе го пронајдат треба да го пријават на наставникот, тренерот или постар минувач на улица, па така и направиле – сè пријавиле кај својот постар сосед, кој ја пронашол сопственичката.

Како што пишуваат медиумите, сопственичката на паричникот не ги наградила основците за овој гест, но и тие не очекувале таков вид благодарност.

Овој гест не го изненадил ни тренерот во училиштето, кој вели дека момчињата, освен што се добри ученици, се и примерни спортисти, кои играат вистинска фер плеј игра.

поврзани објави

Последни објави