-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Коѕијас пишува книга посветена на Договорот од Преспа

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во неговата викендичка на грчкиот остров Алонисос, пишува книга посветена на Договорот од Преспа.

Според грчките медиуми, како што jави дописничката на МИА од Атина, Коѕијас од почетокот на летото е на Алонисос, а ќе остане таму до септември, каде што изолиран од сите, работи на неговата нова книга, која би требало да биде готова до крајот на годинава.

Информативниот портал „Њузбист“ коментира дека во СИРИЗА постои страв дека книгата може да открие каква улога одиграле одредени личности, но и дека може да изнесе на виделина настани што можеби „би ја ставиле во опасност националната безбедност“ и додава дека останува енигма дали ќе биде објавен и дописот со оставката на Коѕијас до тогашниот премиер Алексис Ципрас.

Според порталот, веројатно е книгата прво да биде објавена на англиски, а потоа на грчки јазик.

поврзани објави

Последни објави