fbpx
7.8 C
Skopje

Додека Јанева одговараше на новинарски прашања, адвокатот ја советуваше: Госпоѓо Јанева не сте на распит – обвинителката кажа дека знае кај се парите од „Рекет“?

АКТУЕЛНО

Влезе околу 10, излезе во 14 часот и 20 минути. Волку отприлика време специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се задржа во ОЈО, каде што како што вели била повикана како сведок.

Во својство на сведок сум повикана, рече Јанева, при што беше прашана од новинарите зошто тогаш има адвокат покрај неа. Одговорот беше следен: Имам правни консултанти секогаш.

На прашањето на новинарот Фуркан Салиу дали гласот од снимките каде што зборува со Камчев е нејзиниот, Јанева вели:

Не смеам да го кажам тоа. Ова е истрага, треба да знаете дека во истрага не се споделуваат информации. Ќе има судење, ќе се гледаме уште. Се форматира и анализира мојот телефон.

Обвинителката одговори дека не чувствува никаква вина, а на прашањето дали има во целиот случај вклучен некој од политичарите рече дека не знае. Додека одговараше на новинарските прашања, адвокатот кој беше во нејзино присуство постојано и укажуваше дека треба да прекине со одговор на прашањата бидејќи како што рече не е на распит.

На крајот од видеото се слуша како новинарите ја прашуваат обвинителката дали знае кај се парите, при што таа одговара „Да“? Тоа го потврдуваат новинарите кои беа присутни на пресот, кои по неговото завршување велат: Имаше добро прашање дали знаевте кај се парите, рече „Да“ а не го продолживме прашањето.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -