fbpx
7.8 C
Skopje

Тони Михајловски открива што и рекла Вилма Рускоска на Катица Јанева (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Актерот Тони Михајловски на својот Фејсбук профил не пропушти, да не го искоментира денешниот настан, на кој Катица Јанева се појави на распит кај Вилма Рускоска.

– Вилма на Катица и рече не се секирај се ќе биде ок?, напиша актерот на Фејсбук.

Повеќе од 4 часа, специјалната обвинителка Јанева помина во посета на колегите од организиран криминал. Не дојде сама туку ја пречека адвокатот Стеван Павлески кој заедно со неа присуствувал на давањето исказ во истрагата за рекетот. Не сподели никакви информации туку бара стрпливост од новинарите. Не сакаше ниту да потврди дали нејзиниот глас се слуша на италијанските бомби со Боки 13, Орце Камчев и Зоки Кичеец.

По излегувањето од распитот Јанева рече дека секогаш носела правен консултант со неа, тој пак ја смируваше со зборовите дека пред новинарите не е на распит.

Специјалната обвинителка смета дека е сведок, дека не е виновна за случувањата, и кратко одговараше на новинарските прашања.

Утрово неколку минути по терминот за распит таа стигна со службен автомобил од СЈО. По големиот интерес на новинарите застана и даде изјава дека се уште е специјален јавен обвинител и дека очекува разврска на своите случаи, како и побрза истрага за рекетот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -