11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

(ВИДЕО) Нема да поверувате каква идеја има: Катица Јанева открила што сака да работи после СЈО

Шефицата на специјалното обвинителство Катица Јанева, се наоѓа во центарот на вниманието на целокупната јавност, по скандалот со кој се отвори случајот „Рекет“.

На едно од видеата ја има и неа, како му вели на Орце Камчев да не се грижи и дека се ќе биде океј. Денес Јанева беше на распит во Јавното обвинителство, каде околу 4 часа даваше исказ.

Јанева е петииот сведок од СЈО кој дава исказ во обвинителството за истрагата Рекет. Тоа досега го сторија и останатите специјални обвинители чии имиња се споменуваат во аудио снимките објавени во италијанските медиуми.

На распит вчера од истражниот затвор во Шутка беше спроведен и второосомничениот Зоран Милесвки Кичеец. Засега нема најави дали и кога ќе биде повикан Боки 13 како првоосомничен.

Од обвинителството не откиваат ниту дали истрагата ќе биде проширена. Велат дека се работи на прибирање на докази за целосно расчистување на случајот.

На социјалните мрежи се појави и интересно видео од минатото, кога во интервју за А1он, Катица Јанева открива и што сака да биде, откако ќе заврши во работата со СЈО.

-После некое време, околу 5 години, можеби ќе се заситам од оваа работа. Би сакала да се обидам во политиката, како градоначалник во Гевгелија или пратеник, нешто такво..,- вели Јанева.

Видеото на Фејсбук го сподели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Не разбирате вие. Катица градела политичка кариера на начин прифатлив на главата на Октоподот. Сама кажува колку независно делувала и со СЈО и со Рекет

Posted by Naum Stoilkovski on Tuesday, August 20, 2019

поврзани објави

Последни објави