Рејчел Џампиетро со искрен приказ на мајчинството го освои интернетот.
Објавила фотографија која е снимена три дена по раѓањето на нејзиното второ дете, ќерката Бела.
Како што вели, фотографијата е резултат на исцрпеноста што ја почувствувала кога првпат останала сама дома со две деца и се соочила со обврските околу новороденчето и тригодишниот син Лукас.
„Ако подобро погледнете, ќе видите дека солзи ми течат низ образите. Малку драматично, знам, но ова е реалност на многу мајки“, напишала.
„Двајцата спијат, ама Лукас само што го имаше најголемиот излив на бес, јас само седев и плачев и не бев ни физички ни психички во состојба да му помогнам. Чувствувам вина, исцрпеност и умор“, додала и рекла дека тоа се помалку пријатните моменти од мајчинството за кои никој не зборува.
„Но токму тие моменти ни даваат сила и нè прават поотпорни. Тешките времиња се најдобрите учители и ако успеете да го поминете тоа во текот на првите денови, месеци и години на мајчинство, тогаш можете сè“, порачала.
За да ја објави фотографијата се одлучила поради совршените фотографии од мајки и деца кои постојано се објавуваат.
Just realised I never shared this photo of my first day alone with the two kids at home, a few days after Bella was…
Posted by The Strong Mama on Tuesday, June 4, 2019