6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Подарениот мебел на Катица Јанева имал уред за прислушување

Како што информираат повеќе медиуми во државата, мебелот од Камчев за Јанева бил озвучен односно истиот имал уред со кој обвинителката била прислушувана.

Неофицијално, во каучот, двоседот и фотелјите, кои специјалната обвинителка ги добила на подарок од осомничениот, сокриена била и буба за прислушување, пишува Република.

Наводно, со уредот биле следени разговорите што Јанева ги водела во својот дом, но и нејзините телефонски разговори од фиксен и мобилниот телефон.

Денеска обвинителството наложи конфискација на мебелот добиен како подарок од сопственик на фирма, која е близок роднина на инволвиран во случај кој го води СЈО. Како што тврди изворот, се работи за мебел од фирмата на сестрата на осомничениот во „Империја“.

поврзани објави

Последни објави