14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Светот во опасност, големи пожари во Амазон – најголемиот извор на воздух во опасност

Амазон не гори, Амазон е „запален“, прашумата која произведува 20% од воздухот кој го дишеме ја сечат и палат за да направат простор за палмино масло, соја и крави, пренесуваат дел од светските медиуми.

Амазонската прашума, најголема во светот, е клучна во борбата против глобалното затоплување. Активистите за зачувување на средината го обвинуваат претседателот Жаир Болсонаро, тврдејќи дека ги поттикнувал дрвосечачите да ја пустошат шумата.

За помалку од една недела забележани се повеќе од 9.500 пожари. Според податоците на Националниот институт за вселенски истражувања годинава во бразилскиот дел на Амазонската прашума избиле повеќе од 72.000 пожари.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ги обвини еколошките групи и невладините организации дека подметнуваат пожари во Амазон, обидувајќи се да им контрира на зголемените меѓународни критики дека не успеал да ја заштити најголемата дождовна шума на светот.

„Што се однесува до пожарите во Амазон, мислам дека тие се подметнати од невладини организации затоа што државата им ги намали средствата. Нивната намера е да му донесат проблеми на Бразил“, изјави Болсонаро.

Пожарите се видливи дури и од вселената.

поврзани објави

Последни објави