fbpx
21.8 C
Skopje

Александра се реши да зборува: Министер ми нудеше стан во замена за љубовна врска

АКТУЕЛНО

Нова бура ја тресе српската јавност, откако Александра Младеновиќ откри дека и бил нуден стан од 100 квадрати со само еден услов – на никој да не открива дека се гледа со министерот.

Влијателниот политичар ја сакал пејачката, поради што одлучил да и понуди и имот од 100 квадрати. Оваа понуда била поради една причина, пејачката да молчи и јавноста да не дознае за нив.

-Овој министер има врски со повеќе убави жени од Србија, но сега е крајно загреан за Александра. Таа го освоила со својата убавина, па тој прави се да ја освои. Тие се запознале на приватна забава, а потоа размениле и телефонски броеви. Често се слушаа,- открива извор близок до пејачката за српски Курир.

Тие двајца никогаш не биле насамо, но пејачката приметила дека има симпатии кон неа, а потоа и самиот политичар и признал, при што и ветил и стан од 100 квадрати. Сепак, Александра не сакала да се гледа со него, но не сакала да го загуби ниту како пријател.

Оваа теза ја потврди и самата пејачка, која откри дека политичар и нудел стан, но без размислување го одбила.

-Тие финти, ќе добиеш стан, автомобил и цвеќе кај мене не успеваат. Само биди со мене – тоа е доволно,-открива Александра.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -