fbpx
24.8 C
Skopje

СДСМ направи промени, први со коментар се јавија од ВМРО-ДПМНЕ

АКТУЕЛНО

Заев е очаен. Заглавен во криминал и корупција бара помош и поддршка за да го оттргне вниманието од себе. Искусните го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Затоа мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во „еден криминалец, суетен новинар и п.дер”, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Театарот наречен метла денеска го донесе целиот прав на Бихаќка. Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција. И по Мурто, дојде Курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија.

Спасовски, кој наместо да ги штити граѓаните, го штити криминалот и понатаму е на функција. Манчевски кој брка политички неистомисленици уште ќе има одлучувачка моќ. Зекири кого јавноста не го памети по ништо корисно останува на позиција. Заев покажа дека СДСМ нема намера да ја реформира. Таа останува дувло на криминалот., соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Заев покажал оти е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот „Рекет“, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -