fbpx
15.8 C
Skopje

Најчевска ги коментираше измените во СДСМ – доби лавина од реакции (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Професорката Мирјана Најчевска секогаш актуелна со новите случувања, па не пропушти шанса да ги искоментира и промените во Владата односно во структурите на СДСМ.

За нов министер за финансии ќе биде предложена Нина Ангеловска, која до сега воопшто нема искуство во политиката.

-Не. Лошооооо. Имавме супер министер за финансии кој беше разрешен затоа што не му се допаѓаше на Анѓушев. Не ни треба дете кое му се допаѓа на Анѓушев. И многу сум против тоа да се поставуваат деца без никакво искуство со администрација на високи функции во власта. Ова сум го рекла пред 24 години и го кажувам повторно. Сите оние за кои ова го кажав пред 24 години само ги потврдија сите мои аргументи,- вели Најчевска во првата реакција.

Не.Лошооооо.Имавме супер министер за финансии кој беше разрешен затоа што не му се допаѓаше на Анѓушев.Не ни треба…

Posted by Mirjana Najchevska on Thursday, August 22, 2019

Набрзо потоа следува уште еден статус, овојпат за заменик министерот за образование и наука, Елизабета Наумовска која е професорка по физика.

-Навистина мислите дека учителка по физика треба да биде заменик министер за образование? Само да прашам. Мислам во државата која е на дното на образовниот ланец во Европа, сигурни сте дека ова е она што ќе ни даде нов замав, нова перспектива и реформа? Само да прашам. И како тоа се разликувате од кадровските решенија на ВМРО-ДПМНЕ? Само да прашам,- пишува Најчевска.

Секако, не остана имуна ниту изјавата на Коста Петров, кој истакна дека немањето искуство во политиката е негов најголем адут, како потпретседател на СДСМ.

Навистина мислите дека учителка по физика треба да биде заменик министер за образование?Само да прашам.Мислам во…

Posted by Mirjana Najchevska on Thursday, August 22, 2019

-Немањето искуство во балетот беше и мојот најголем адут во мојот прв настап во улогата на белиот лебед. Не знам зошто уште не сум поканета да ја продолжам мојата кариера како балерина. Можеби затоа што сега имам преголемо искуство“, пишува Најчевска.

Немањето искуство во балетот беше и мојот најголем адут во мојот прв настап во улогата на белиот лебед. Не знам зошто…

Posted by Mirjana Najchevska on Thursday, August 22, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -