Новинарот Бранко Героски кој синоќа гостуваше во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце кај Јанко Илковски одговараше на низа интересни прашања. Запрашан од Јанко, зошто токму Јанева била избрана за главна на СЈО, Геровски рече:
И мене не ми беше јасно зошто тој процес беше така воден. Запрашав еден поранешен политичар, ден откако Катица тропаше во МВР „отвори, отвори“. „Кај ја најдовте баш оваа Катица од некоја си Гевгелија со просек 6,2“, а во продолжение вели И тој ме праша: Геро, ти да си специјален јавен обвинител, ќе отидеш да тропаш на врата во МВР и да викаш „отвори“? Му реков не сум будала“
Тој објасни дека мастермајндот, ликот што требало да ја води битката, сите најважни битки во Македонија, вклучувајќи ја и битката против криминалот не била Катица Јанева, туку Зоран Заев.
Во врска со албанскиот фактор, Героски истакна дека Али Ахмети ќе го повтори гамбитот, односно она што го направи со Никола Груевски.
-Кој е виновен што Никола Груевски не е премиер освен Никола Груевски самиот? Али Ахмети. Чашата на трпението на Али Ахмети почна да се прелева уште во 2010 година. Ахмети во политиката го нарекуваат стар чекалец. Тој ќе чека, ќе трпи, а не се глупави луѓето, знаат дека Ел Чека е само извршител, а изворот на тој токсичен материјал не е во Вашингтон, тој е во Скопје, бомбите се тука направени и од тука потекнуваат.
И не очекувајте дека албанскиот фактор тоа така ќе го заборави и ќе го прости, зашто во албанската заедница изнесувањето на валканиот веш од приватна, интимна природа има посебна тежина. Кај нас може и да пројде, но кај Албанците тоа е поинаку, многу подевастирачки. Ликовите кои беа спомнувани во бомбите пред Ел Чека денеска не постојат на албанската политичка сцена, тие се тргнати преку ноќ.