13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Има ли разлика на фотографијата, освен годишното време – Медицинското училиште во Битола

Се сеќавате ли на Медисон Ристевски од Австралија, девојчето кое собираше донации за реновирање на Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола.

Таа најпрво вети дека ќе ги реновира тоалетите, но откако имаше интерес и голема хуманост од многу луѓе, акцијата се прошири, па училиштето добива и фасада.

На Фејсбук профилот Марија-Магдалена Петковска Микаровска е споделена фотографија, од ПРЕД и ПОТОА, а на шега се прашува: Пронајди ја разликата освен годишното време на сликите. Се зезам. Само сакав да ви се пофалам со фасадата на Медицинско и петочно од сабајле да ви кажам дека надежта, волјата и работата се исплаќаат.

Таа во објавата ја тагирала и Медисон Ристевски, кој во моментот е во Австралија.

https://www.facebook.com/mmpetkovska/posts/10157479860069776

Браво девојки, Македонија треба и мора да се гордее со личности како вас.

поврзани објави

Последни објави